Ракетата „Falcon Heavy“ е лансирана во 18.35 часот по локално време од истото место на коешто некогаш се наоѓале леталата на мисијата на НАСА, Аплоло, односно од Кенеди вселенскиот центар на Флорида.

34 минути по полетувањето, ракетата во орбитата на Земјата го испуштила комуникацискиот сателит Арабсат-6А кој ќе нуди интернет и комуникациски услуги на жителите на Блискиот исток, Африка и делови од Европа.

Компанијата „SpaceX“ со ова лансирање изведе два нови потфати. Имено, за прв пат оствари мисија за друга компанија, во овој случај приватната компанија Арабсат, но и успешно лансираше и ги приземји сите три погонски ракети.

Имено, откако е реализирана мисијата, двете споредни погонски ракети истовремено се спуштиле на терен на Флорида, а главната слетала на платформа во океанот.

Овие погонски ракети наменети се за повеќекратна употреба. Откако се спуштиле назад на Земјата, минуваат низ процес на обнова и подготвени се за повторна употреба.