Научници се убедени дека ќе успеат да извлечат келии од 42 илјади години стар фосил од ждребе од изумрена врста, како би го клонирале праисториското животно и одново би го вратиле во живот.

Обидот како од филмот „Паркот Јура“ да се оживее одамна исчезната врста коњ би послужила како база за понатамошните намери, конкретно, во оживувањето на џиновскиот влакнест мамут.

Младото од коњ врз кое се врши експериментот било старо најмногу две недели кога угинало, сочувано е скоро во совршена состојба во сибирскиот пермафрост – зона на вечен снег и мраз, цели 42.170 години, тврдат научниците.

„Истражувачите се сигурни во успехот на проектот. Обидите ќе продолжат до крајот на април“, изјави извор од Северноисточниот федерелен универзитет во Јакутск, најстудениот град во светот кој е домаќин на проектот.

Тимот научници веќе ја бира мајката која ќе ја има историската улога во раѓањето на ждребето на изумрениот коњ.

„Во првиот обид на клонирање најверојатно ќе се користи корејски коњ за сурогат мајка. Совршено би се вклопил. Веќе некое време за клонирање се користи оваа врста и технологијата е совладана до совршенство“, изјави докторката на овој проект Лена Григорјева.

Корејската врста коњи е прилично стара и наследник е на монголскиот коњ. Втората опција е да се користи јакутскиот коњ со потекло од источен Сибир кој е наследник на пронајдената фосилна врста. Тоа се животни кои може да поднесат температури до -60 степени целзиусови.

Д-р Сејмон Григорјев, водечки истражувач во Музејот на мамути во Јакутск изјавил дека состојбата во која е пронајдено ждребето дава надеж за овој проект.

„За среќа, мускулните ткива на животнот се неоштетени и добро сочувани, така што успеавме да добиеме примероци за биотехнички истражувања“, изјави тој.