Анџелина Џоли и Бред Пит ја прекинаа врската пред две и пол години. Глумицата тогаш поднесе барање за развод, а во судот се спореше со Бред кому ќе припаднат децата. Според пишувањата на медиумите, Џоли сега се предомислува и сака да се смири со сопругот.

„Таа сака повторно да бидат семејство и никако не може да продолжи без него. Заради тоа и го одолговлекуваше барањето за развод“, изјавил извор за Деили Меил.

Анџелина и Бред имаат заедно шест деца: Медокс 17, Пакс 15, Захара 14, Шихола 12 и близнаците Кнокс и Вивиен 10. Се заљубија на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“ и беа заедно осум години пред да се венчаат во 2014 година, а ги предадоа документите за развод две години подоцна.