Сопственик на ресторан во Солт Лејк Сити во американската сојузна држава Јута употреби апарат за гасење пожар и испрска маж кој одби да ја изгаси цигарата пред неговиот угостителски објект.

Џон Бирд вели дека пред неговиот трговски центар бил во петокот на пауза да пуши и дека претходно тој ден имал средба со сопственикот на ресторанот, кој му рекол да не пуши на тоа место бидејќи е преблиску до неговиот објект и муштериите.

Бирд за тамошниот медиум изјавил дека се обратил на обезбедувањето, кои му рекле дека таму не смее да се пуши, а потоа налетал одново на истиот сопственик на ресторанот.

Кафанџијата во тој момент излегол надвор со апарат за гаснење пожар.

Излезе со енергија на непријателство и рече: „Ви реков, не смеете да бидете тука, раскажува Бирд.

После краткиот разговор девојката на Бирд го прашала сопственикот дали ќе го испрска, а тој одговорил дека ќе го направи тоа.

Кога Бирд повторно ставил цигара во устата, сопственикот го испрскал по лицето.

Јас сум во шок, не верувам дека вакво нешто можеше да се случи, изјавил Бирд по инцидентот.

Сопственикот на ресторанот во сооптение за телевизија се извинил, велејќи дека претерал.

Полицијата го истражува инцидентот, а во продолжение можете да го погледнете и видеото од инцидентот.