Познатата италијанска актерка, Моника Белучи, целосно ја изненади јавноста со својот стајлинг.

Белучи се појави на модната ревија на „Долче и Габана“ во Милано, со нова фризура, сосема поинкава од нејзиниот досегашен изглед.

Наместо препознатливата долга коса, Италијанката се одлучи за нов имиџ со кратка коса до над брадата, што одлично се вклопи во комплетот од бели пантолони и сако во комбинација со црна проѕирна кошула.