Кај најголемите социјални мрежи денеска е регистриран проблем и тие не се достапни во повеќе делови на светот, објавија западните медиуми.
Корисниците ширум Европа имаат технички проблеми со Фејсбук, а корисниците од Малезија и САД, покрај проблемот со Фејсбук, немаат пристап ниту до Инстаграм и Ватсап.
Проблем со Фејсбук има и во Македонија.
Во средината од месец март, Фејсбук се соочи со најтешкиот прекин во својата историја, со клучните услуги кои беа неупотребливи за корисниците ширум светот. Од Компанијата на Цукерберг, тогаш изјавија дека последен пат со ваков проблем се соочиле во 2008 година.
Од компанијата тогаш за причината за падот на мрежата изјавија дека е поради „промената во конфигурацијата на серверите”.
Comments are closed for this post.