Според досегашните резултати од обложувалниците во Британија, на неколку дена од очекуваното породување на принцезата Меган Mаркл, бебето ќе биде девојче и ќе се вика Дајана.

Oва е најчестото име што се спомнува, а речиси сите се обложија дека бебето на кралската двојка Меган и Хари, ќе биде девојче. Со четири наспроти еден, најголем фаворит за името е Дајана. По него следуваат Викторија, Елис, Грејс и Елизабет.

Оние кои се обложуваат дека бебето ќе биде машко ги избираат имињата Алберт, Артур и Џејмс. Дури 80 проценти од предлозите се однесуваат на името Дајана, иако од агенциите сметаат дека е малку веројатно Хари да одбере име на своето дете што ќе го потсетува на неговата трагично загината мајка.

Според историчарката на кралското семејство, Каролин Херис, најверојатно Дајана би било средното име на бебето ако е девојче.

Бебето на Хари и Меган ќе биде седмо по ред за наследство на кралската круна на Британија.