Педесетина филмови распоредени во неколку програми, во три кино сали, ќе бидат прикажани на 22. Скопски филмски фестивал кој ќе се одржи од 17 до 25 април. Фестивалот ќе биде отворен во среда во киното Милениум со премиера на првиот долгометражен филм на режисерката Марија Џиџева – „Втора шанса”.

Меѓу филмовите во атрактивната гала-програма е премиерата на „Фаренхајт 11/9″ на Мајкл Мур кој овојпат се занимава со политичкото влијание од победата на Трамп. Во таа програма е и новиот филм на Емир Кустурица „Ел Пепе, еден возвишен живот” посветен на поранешниот уругвајски претседател Хозе „Пепе” Мухика.

Исто така, на фестивалот ќе биде преставена ретроспектива на актерот Мето Јовановски од чија  богатата филмографија се избрани осум филма: „Бел, бел свет”; „Евреите доаѓаат”; „Засега без добар наслов”; „Кога ќе се раздени”; „Куќа покрај пругата”; „Ливада”, „Пресуда” и „Тетовирање”.

Филмовите на 22. Скопски филмски фестивал ќе се прикажуваат во кината „Милениум”, „Фросина”, Кинотеката и во Котур.