Една од најпознатите пејачки во регионот, Северина Којиќ, повторно плени со изгледот. Нејзиниот Инстаграм е полн со „голицкави“ фотографии кои докажуваат дека пејачката никогаш не изгледала подобро, посебно кога е во 48-та година од животот.
Во најновото селфи Севе е облечена во ултра краток шорц и голо стомаче, а нејзините нозе се „лајкнати“ од 15 илјади луѓе само за неколку часа.
„Изгледаш како девојка, напишала некоја од фановите, а во коментарите се и изрази на љубов од обожавателите од машкиот пол.
Иако годинава се најде во море на афери и скандали поврзани со борбата за старателство над синот, на Северина изгледа дека ништо не може да и ги замрси плановите и среќата.
Comments are closed for this post.