Сандра Булок донирала 100.000 долари за да се обезбеди грижа за животните, што биле евакуирани за време на пожарите во Калифорнија, соопшти Контактмјузик.
Значајната сума 54-годишната холивудска дива и ја подарила на организацијата „Хумано општество на округот Вентура„.
Донацијата ќе даде можност да се обезбеди грижа за редица животни-коњи, бикови, магариња, свињи, кокошки, патки, кучиња и мачки, што биле принудени да избегаат од огнената стихија.
Comments are closed for this post.