Стен Ли, творецот на многу суперхерои на американската компанија „Марвел комикс“ (Marvel Comics), почина на 95 години.

Како писател и издавач, Ли беше клучен за развојот на „Марвел“ во 60-тите години од минатиот век, кога со своите соработници креираше суперхерои, како што се Спајдермен, Хулк, Доктор Стрејнџ, Икс Мен, Ајрон Мен, Дердевил, Тор…, коишто станаа митски ликови во американската, но и во светската поп-култура

Роден во емигрантско семејство

Стенли МАртин Ли е роден на 28 декември 1922 година во Њујорк, во семејство на романски емигранти, со еврејско потекло. Уште како дете уживал во филмовите и книгите, а омилен глумец му бил Ерол Флин.

Како момче работел разни работи, пишувал некролози, соопштенија за Националниот центар за борба против туберкулоза, разнесувал сендвичи по деловни згради. Неколкуте работи поврзани со новинарството и љубовта кон цртањето го довеле до вработување во „Тајмли комикс“, кој две децении подоцна ќе стане „Марвел“.

Пред 19 години, Ли потпиша доживотен договор со „Марвел ентерпрајз“ во кој се наведува дека е доволно 10 проценти од своето време да го посветува на компанијата. Во уговорот стоеше и клаузулата дека Ли мора да се појави во секој фил што е заснован на некој од неговите ликови.

Борба против цензурата

Во средината на педесеттите години во САД било формирано регулаторно тело за содржината на стриповите (ЦЦА), кое имало многу строги правила за тоа што смее да биде прикажано во стриповите, а што не. На пример, не биле дозволени зомбија, врколаци, вампири, никаква „сексуална содржина“, а правило било дека стрипот секогаш мора да го прикажува триумфот на доброто над злото.

Стен Ли се спротивставил на таа цензура и на тоа регулаторно тело, кое сакало да му забрани да објави три стрипови за Спајдермен. Во 1971 година, Министерството за здравје го ангажирало Ли да направи стрип со кој би ги прикажал опасностите од консумирањето дрога. По правилата на ЦЦА, дрогата не смеело да биде спомената, а не пак, прикажана.

Ги разбирав, тие беа како адвокати, луѓе што се сфаќаат буквално и пресериозно. Јас едноставно реков – Не ми е гајле и ги објавив тие три стрипови без нивниот „печат“ за одобрување. Во наредните изданија се вратив на правилата. Јас никогаш не размислував за правилата додека пишував некоја приказна – раскажуваше Ли, своевремено.

Суперхеројско збогум

По веста за смртта на Стен Ли, цел Холивуд, а пред се актерите што глумеа во филмовите за неговите суперхерои на социјалните мрежи се простија со својот пријател и мајсторот на стрипот.