За време на ревијата на Валентино за пролет 2019 по пистата прошета и популарната манекенка Наоми Кемпбел. Во светот на модата, нејзиниот прекар е „Црна пантерка“, а со елеганцијата и стасот, го оправдува тоа.

Таа се појави за време на неделата на висока мода во Париз за Валентино а публиката ја оставила без здив, пренесува „Е Онлајн“.

Наоми блесна на модната писта во провокативен дизајн на Пиерпаола Пициолија. Прошета во црн фустан со мрежестa ткаенина која е толку проѕирна што открива многу повеќе.

Тоа не е никаква новина во светот на модата, но друштвените мрежи се воодушевени од изведбата на 48 годишната манекенка.