Најстариот милијардер во светот,  стогодишниот Чанг Јун Чунг,  наместо да ужива во пензионерските денови, се уште работи.

Останувањето  дома за основачот на Пацифичките меѓународни линии (ПИЛ) не е опција. Иако позицијата на директор  ја препушти на  својот син, милијардерот се уште инсистира да оди  на работа секој ден.

“Тоа ми е навика”, изјави Чунг за CNBC.

Тој вели дека секојдневно ја посетува компанијата за да помине низ сите операции и да го провери секој оддел.

“Секој ден ги пишувам  сите мои  нивните активности во дневник. Едноставно, не можам да седам дома, тоа е многу досадно”, додава Чунг.

Неговиот син Тео вели дека најмалку два пати на ден се консултира со неговиот татко за одредени одлуки и водење на компанија со речиси 18.000 вработени.

“Во секој бизнис, особено однесувањето на бродските компании, се соочуваат со различни проблеми, од политички, технички, до несреќи.  Да останете смирени и да заборавите за темперамент во оваа работа е најважно, а тоа е она што го научив од татко ми”вели Сенг.

Стогодишниот Чунг вели дека доброто ментално здравје го задржало сите овие години.

“Никогаш не ги губам нервите.  Кога ќе ги изгубите нервите, не можете едноставно да се контролирате “, вели Чунг.