Амбициозна сопруга смислила уникатна одмазда за неверниот сопруг, откако „жив“ го фатила при неверство, јавува The Sun. Хајро Варгас од колумбискиот град Баранкиља во чекор бил следен од својата сопруга, по што следувале долги убедувања да не поднесува барање за развод.

Сопругата се согласила на тоа, но под еден услов-нејзиниот сопруг, швалерот фатен на дело, да помине гол качен на семејниот автомобил по една од најпрометните улици во градот.

Во обид да го зачува бракот, сопругот го прифатил условот и се качил на автомобилот, криејќи си го лицето со пешкир. Но, глетката брзо собрала љубопитни граѓани по булеварот „Муриљо“, кои не пропуштиле да ја снимат.

Сепак, некој се сетил да ја повика полицијата, која веднаш го уапсила Варгас за нарушување на јавниот ред. Двајцата сопрузи биле казнети со 500.000 пезоси (134 евра), но судбината на нивниот брак останува неизвесна.