Зоран Заев ја врати Македонија како во периодот пред 45-та година. Многу не уназадија, попонижени не верувам дека сме биле затоа што сме имале држава и сме дозволиле да ја изгубиме.

Вака актерот и кандидат за градоначалник на Куманово, Тони Михајловски го опишува владеењето на Зоран Заев и однесувањето на СДСМ кон културата и македонските национални интереси.

Не верувам дека некогаш сме биле попонижени-вели Михајловски во интервју за „Република“.

Тој се сложува дека како во живо да ни се случува серијата „Сенки над Балканот“ во која и самиот игра и во која Македонецот мора да се бори за туѓи интереси.
Михајловски не верува дека некогаш ќе се сними во Македонија така серија како „Сенки над Балканот“.

Досега требаше да снимиме бар десетина такви серии. Не верувам дека во скоро време ќе снимиме таква серија, посебно не со оваа власт бидејќи оваа власт покажа дека културата воопшто не и е битна. Она што сите мои колеги бесрамно го молчат денеска а во едно време кога културата беше на еден повисок пиедестал викаа дека живееме во културен мрак и режим, сега бесрамно молчат-вели актерот за „Република“