На интернет се појави видео за кое се тврди дека е од место каде што паднал метеорит во Русија. Видеото, објавено вчера е снимено во близина на реката Буреја во областа Хабаровск на далечниот исток.
Пред неколку дена во Хабаровскиот крај на Русија падна голем метеорит среде коритото на реката Буреја, на околу 70 км од најблиското село Чекунда и го блокирал течението.
Очигледно е дека метеоритот бил огромен, штом го блоирал коритото на реката во должина од околу 40 метри. На тоа место се испратени две екипи, една од нашиот реон, друга од Амурската област. Имаат сателитски телефони и радиометри за да го измерат нивото на радијација. Неколку дена бевме известувани дека притокот на реката е намален, но не можеше да се определи причината за тоа. Се надевам дека бргу ќе имаме информации од групите на терен, изјавил раководителот на тој регион, Андреј Маслов.
На интернет се објавени снимки од падот на метеоритот. Според зборовите на авторот на снимката, метеоритот формирал џиновска брана која би можела да го блокира проткот на вода.
Comments are closed for this post.