Во Центарот за култура во Општина Ѓорче Петров синоќа се одржа завршниот дел од третата по ред Меѓународна поетско-културна манифестација „Анте Поповски-Антево перо“.

По реализацијата на Конкурсот за необјавена збирка поезија на македонски јазик, на кој за македонски услови се пријавија рекордни 96 наслови од исто толку творци, манифестацијата ќе биде заокружена со врачување на годинешните награди на добитниците чии што имиња неодамна ги соопшти жири-комисијата.

На свеченоста, на која беше промовирана победничката книга поезија „Потпис: Трепетлика“, а на годинешниот лауреат Ана Стојаноска и беше врачен авторскиот примерок од едицијата на наградени автори кои ја понеле наградата „Антево перо“.

Наградата „Антева златна книга“ која е всушност Почесно Антево перо за животен поетски опус му беше врачена на еминентниот македонски поет Михаил Ренџов.

На авторите Владимир Мартиновски за стихозбирката „Жив(отн)и песни“ и на Зоран Пејковски за поетскиот ракопис „Остров во окото“, им беа врачени наградите „Антев златник“. Наградата „Антев Часовник“ востановена со цел откривање и афирмација на нови, млади, талентирани поети кои творат на македонски јазик, и беше врачена на младата поетеса Георгина Петреска, а и припадна за стихозбирката „Средбата на Вулкан и Минерва“.

Посетителите имаа можност да слушнат поезија во интерпретација на наградените автори, како и од неколку други поети учесници на годинешниот конкурс.