Направена е првата снимка од магнетна резонацна која вистински прикажува, досега невидлива врска помеѓу мајката и детето.

На сликата се наоѓаат неурохирургот Ребека Сакс и нејзиниот двомесечен син, но и истите регии кои се активни во нивните мозоци и кои докажуваат колку мајчиното присуство е важно за бебето.

Мозокот на бебето изгледа помазен и потемен бидејќи има помала бела маса, која се состои од миелин, масно ткиво кое делува како изолација за нервите кои комуницираат со пораките внатре во мозокот.

Бакнувањето предизвикува хемиска реакција во мозокот, вклучително и производство на окситоцин кој се нарекува „љубовен хормон“ кој има за цел предизвикување чувство на зближување.

Бакнувањето исто така активира систем на надградба на мозокот – испуштање на допамин кои прави да се чувствуваме добро. Исто така се отпушта васопресин кој е заслужен за спојување на мајката со бебето, но и со романтичните партнери.