Во почетокот на четвртиот век, за време на царувањето на Диоклецијан и Максимијан, свети Антим веќе беше седокос старец. Тој инаку беше епископ на Никомидија, онаа Никомидија која во текот на гонењето при спомнатите цареви даде голем број маченици.

Во текот на целото тоа гонење тој беше поглавар на таа храбра црква, а својот плоден живот исто така го запечати со мачеништво. А тоа се случи вака. Епископот Антим се беше повлекол во едно село, Оман, и оттаму ги храбреше христијаните.

Едно негово писмо дојде до рацете на царот Максимијан, кој испрати војници да го фатат епископот. Овие дојдоа во Оман, каде ги прифати еден седокос старец, ги нагости, а потоа им рече дека тој е оној кого го бараат.

Војниците го убедуваа старецот да се скрие, но Антим одлучи да појде со нив. По патот сите поверуваа во Христа и се крстија. А свети Антим беше изведен пред царот, мачен и погубен со секира