„Криза во културата и/или култура во кризата“ е циклус на онлајн трибини посветени на културата. Првата трибина ќе се одржи на 29-ти март, со почеток од 20:00 часот. Темата за првата трибина ќе биде театарот.

Институтот за култура и уметност при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, како домаќин на настанот, ја има таа чест, своите реномирани гости и препознатливи имиња од тетарската уметност, да ги потикне во име на љубовта кон театарот да проговорат за своите театарски искуства.

• Благоја Чоревски Чоре, филмски и телевизиски актер, актер во Драмски театар од 1971 година.

• Сулејман Рушити, доцент, надворешен соработник во Тетовскиот Универзитет. Режисер во гостиварскиот театар.

• Сашко Коцев, театарски, филмски и телевизиски актер, стендап комичар и водител, вработен во МНТ

• Софија Ристевска Петрушев, театарски режисер, вработена во НУЦК „Јордан Хаџи Константинов – Џинот” Велес, и сопственичка на приватниот Интимен Театар Битола.

• Катерина Шехтанска, дипломиран актер и поранешна балерина, вработена во Драмски театар.

• Марјан Георгиевски, актер, театарски режисер и стендап комичар.

Домаќин на настанот и автор на проектот: проф. д-р Соња Ризоска Јовановска, директор на Институтот за култура и уметност при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“.

Модератор на настанот: Татјана Алексиќ, професор по македонски јазик во СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“.

Линк за пријавување:

https://zoom.us/…/tJMlce2orDwpEtPKQvxbH7Zx_Up8vxI7pDS9

„Криза во културата и/или култура во кризата“ е циклус на онлајн трибини посветени на културата. Првата трибина ќе се…

Posted by Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ on Tuesday, March 16, 2021