Моторизираната инвалидска количка на славниот британски физичар Стивен Хокинг се продаде на аукција за 391.740, а беше проценета на 15.000. Парите ќе одат во добротворни цели.

Неговата дисертација на 117 страни од 1965 година се продаде за 584.750 фунти, надминувајќи ја првичната цена од 150.000. Медалите и наградите се прододоа за вкупно 296.750 илјади фунти.

Голем дел од неговото наследство, како есеи, медали, награди и копија од книгата „Кратка историја на времето“ потпишана со отпечаток од палецот, беа продадени онлајн, заедно со писма и ракописи од Исак Њутн, Чарлс Дарвин и Алберт Ајнштајн.

Хокинг почина во март на 76 години по долгогодишно боледување од редок вид моторна невронска болест. Болеста го остави во инвалидска количка, а зборуваше преку синтетизатор на глас.