Родителите на Дарко Лазиќ, кои и онака се во лоша финансиска состојба, се пред банкрот поради долговите на нивниот син.

Тие секојдневно се принудени на патуваат до Белград, а ги мачи и тоа што почнале да се јавуваат луѓе на кои Дарко им должи пари, па сега тие се сомневаат дали сето ова е вистина или некој сака да ја злоупотреби состојбата во која се наоѓаат.

Неколку месеци пред несреќата Дарко купил половно возило „Шкода Суперб“ кое чинело 35.000 евра, но тој платил само 13.000 евра, а останатите трабало да ги плати на рати. Но, се случи несреќата и сега продавачот е загрижен како ќе ги наплати парите, па затоа им се обратил на родителите.

Дополнителен проблем е што Дарко нема да добие пари од животното осигурување затоа што во неговата крв се најдени дрога и алкохол.