Поп дивата Јелена Карлеуша се наоѓа во центарот на скандал околу наводен развод од нејзиниот сопруг Душко Тошиќ.

После порно аферата со фудбалерот Огњен Врањеш, следуваше смртта на нејзината мајка Дивна Карлеуша, а не многу долго после тоа во медиумите се појавија информации дека Душко Тошиќ сака да се разведе.

Новиот пост на Јелена Карлеуша на Инстаграм одново ја разбрануваа јавноста. Таа напиша „Јас сум силна жена, затоа што силна жена ме одгледа“

Се шпекулира дека со оваа порака Јелена најавува развод и дека ќе успее да преброди уште еден удар, но и покрај ова, коментарите се дека со оваа порака Карлеуша впрочем само докажува колку била силна во најтешките мигови од нејзиниот живот и се тоа благодарејќи на нејзината мајка која неодамна почина.