Илјадници млади од црски пингвин, најголемата и најтешка од 17 врсти прингвини, се удавиле во море кога тешки временски услови ја уништиле сантата мраз на која живееле.
БиБиСи потсетува дека оваа катастрофа се случила во 2016 година во дел од Антартикот, а научниците објаснуваат дека колонијата пингвини живееле на тенок мраз кој бил поврзан со глечер, а дека возрасните пингвини не се обиделе да ги префрлан младенчињата на сигурно место.
За ваквата загуба известувал и тимот на Британски истражувачи на Антартикот, откако докторите Питер Фретвел и Фил Тратан преку сателитските снимки го забележале исчезнувањето.
Во колонијата птици изминатите неколку децении се раѓале од 15 до 25 илјади парови. Заклучокот до кој дошле научниците, врз основа на животинскиот измет во радиус од 800 километри, е дека во суштина преку ноќ исчезнале пет до девет отсто од светската популација пингвини.
Царскиот пингвин е најголемата врста од овој вид птици на кои им е потребна цврста заледена подлога која може да издржи до април. Бидејќи младите на свет пристигнуваат во декември, доколку сантата мраз се стопи предвреме, младенчињата не се подготвени за пливање, затоа што не се доволно развиени и немаат перја за пливање во студената вода.
За научниците се уште останува нејасно зошто сантата мраз на која живееле птиците никогаш не се обновила, како што не постои и прецизна климатска промена која довела до ваквата појава, а атмосферските и океански следења покажале мали промени.
Comments are closed for this post.