Андроид и iOS корисниците на апликацијата Инстаграм отсега имаат можност да користат нова опција „Quiz“ во склоп на Инстаграм стори опцијата.

Quiz“ е можност за поставувае прашања и однапред дефинирање одговор, од кој гласачот бира еден. На крајот е можно да се видат резултатите на квизот, а најдолго до 24 часа, колку што траае Инстаграм стори објавата.

Како Инстаграм Квиз опцијата се користи и како изгледа погледнете во официјалната објава на Инстаграм на мрежата Твитер.


Претходно, минатата недела се појави шпекулацијата дека Инстаграм тестира промени кои ја вклучуваат и можноста самата централа да ги скрие „лајковите“ од вашата публика.