Осум хрватски државјани од почетокот на декември минатата година се во затвор во Замбија поради сомневање за валидноста на документите за посвојување малолетни деца од ДР Конго.

Истрагата се уште е во тек и во неа се вклучени повеќе надлежни органи кои треба да утврдат што навистина се случило.

Поранешната пејачка на групата Е.Н.И многу добро знае колку е макотрпен процесот на посвојување, не само во Хрватска, туку и во африканските земји. Николина Томљановиќ, која е мајка на девојчето Саломе.

 Хрватскиот министер за труд, семејство и социјална политика, Марин Пилетиќ, соопшти дека од 2012 година досега се посвоени 131 дете од ДР Конго, а ниту едно семејство не било под надзор на надлежниот Центар за социјална заштита.

За актуелниот случај со апсењето четири брачни парови од Хрватска во Замбија, осомничени за можна трговија со деца, Пилетиќ објасни дека е речиси невозможно да се посвои дете во Хрватска или дека постапката трае долго.
Тој најави дека неговиот ресор во соработка со Министерството за администрација ќе започне процедура за појасна правна рамка во однос на меѓудржавното посвојување, односно посвојување деца од други земји