Селма Хајек, Рајан Ренолдс и Самуел Л. Џексон  го започнаа снимањето на својот нов филм “The Hitman’s Wife’s Bodyguard 2”, а слободното време го искористија за шетање по улиците на Ровињ. Познатите актери се воодушевени од Хрватска, а на Инстаграм се пофалија со фотографиите

Ветува новата филмска локација, Хрватска е преубава уште на прв поглед напиша Џексон на својот Инстаграм.

Тој и неговата колешка Селма се фотографирани гушнати на една од улиците во Ровињ и напишале дека уживаат на оваа магична локација.

Постојат гласини дека наскоро би можел да им се прифружи и Морган Фриман, но се уште не е потврдено. Снимањето  на филмот започна во петокот во Ровињ, а подоцна екипата се сели во Загреб. Главните филмски звезди ќе бидат сместени во најдобрите хотели во Ровињ, ќе им бидат понудени Истарски специјалитети, а екипата ќе ја обезбедуваат околу 150 луѓе.