Познатиот грчки режисер Коста Гаврас почнува со снимањето на филмот базиран врз книгата на поранешниот министер Јанис Варуфакис. Министерот за дигитална политика, Никос Папас, одобри грант во изнс од 630.000 евра, па така озбезбеден се парите филмот „Возрасни во собата“ да се сними до крај.

Станува збор за книга на поранешниот министер за финансии, Варуфакис, која ја опишува визуелно Сириза и за тоа што се случи во 2015 година кога Грција колабираше на економски план.

Според медиумските пишувања, Гаврас во моменто ги снима секвенците во еден хотел каде се воделе преговирте меѓу грчката влада и ММФ.

Во екипата се грчки и странски актери, а Варуфакис го игра Христос Лулис, додека во улогата на Ципрас е Александрос Бурдумис.