Една од најпознатите и најбараните манекенки во Светот, Емили Ратајковски и нејзиниот сопруг, Себастијан Меклард, живеат нелегално во поткровје во Њујорк и должат повеќе од 120 илајди долари за неплатена кирија, а тоа им го овозможува „дупка“ во закон поради која сопственикот на станот не им може ништо.

„Законот за поткровја“, донесен во 1982 година, им забранува на сопствениците на недвижности во Њујорк да исфрлаат уметници и други „станари со ниски приходи“, па дури и кога тие живеат нелегално во нивните поткровја.

Како што објави „Пост“, тоа е причината што продуцентот не плаќа кирија и на газдата му е должен повеќе од 120 илјади долари, без тој да може законски да го исфрли од поткровјето.

Инаку, Емили и Себастијан имаат стан во Лос Анџелес, вреден околу два милиона долари, но од инат живеат во њујоршкото поткровје и притоа одбиваат да платат кирија. Освен поседувањето на тој стан, вкупниот имот на манекенката се проценува на осум милиони долари.

Мојот сопруг е независен филмски продуцент, поради што многумина погрешно претпоставуваат дека е богат. Тоа не е точно. Тој порасна во квартот каде што сега живее и, своевремено, двата родитела му биле исфрлени од стан во Њујорк затоа што сопствениците ја подигнале цената над нивната платежна моќ. Јас се вселив во неговиот стан пред една година и горда сум што ја води оваа битка против конгломератот за недвижности што ја купи зградата за 40 милиони долари, а шири лаги за станарите за да заработи уште повеќе. Њујорк многу се промени и штета е што ги тера креативните луѓе да се отселат од градот“ – напиша Ратајковски на твитер.

 

View this post on Instagram

 

HBD, husband. I love you more every day.

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) on