Во една белградска улица синоќа покрај муралот на Драган Николиќ осамна и мурал на Милена Дравиќ. Имено, како што е напишано на инстаграм страницата „МиленаДравиќглумица“, од синоќа и нашата прекрасна Милена има свој мурал.

Муралот е насликан на истото место, во Невесинска улица во населбата Врачар, веднаш до муралот на Драган Николиќ.

Авторот на објавата во коментарот напишал: „Нека љубовта живее вечно, нека овие луѓе засекогаш останат во нашите срца“.  Објавата за муралот веднаш привлече бројни поитивни реакции и коментари.