Организациите Интернешнел СОС и Контрол рискс ја објави листата на земји кои се најопасни и кои се најбезбедни како туристичка дестинација во 2019 година. Иако во последниве години и во Европа имаше повеќе терористички напади, сепак европските земји се сметаат за релативно безбедни за туристите. Како најопасни се земјите од Азија и од Африка.

Македонија е наредена во земјите кои се сметаат за безбедни за туристи, или генерално странци.

Листата на земји е правена според заканите по британските туристи, при што се објавува и препорака од Форин офисот за тоа кои земји се опасни и зошто.

Египет иако е посакувана туристичка дестинација, сепак земјата е рангирана во редот на „многу висок ризик“, и тоа особено се однесува за северниот дел на Синајскиот Полуостров. Како земја со „многу висок ризик“ е и Сирија, а за Мали важи понизок степен, односно е земја со „висок ризик“, додека Либија уште важи за дестинација со „многу висок ризик“.

Тунис, дестинација со висок ризик

Во земјите со висок ризик, односно тоа важи за одредени делови од земјите се Мексико и Турција (како причина се наведува ситуацијата во соседните земји и нестабилната политичка состојба), како и Тунис.

Македонија е во групата земји кои се безбедни за туризам, иако не се исклучуваат одредени проблеми, како на пример политички протести. Се наведува препораката на Лондон туристите да бидат претпазливи во северниот дел на земјата на границата со Косово. Исто така се посочува на претпазливост кога се во прашање комарците, при што се наведува дека западно нилскиот вирус е присутен.

Словенија – место каде речиси и да нема ризици

Од регионот како земја со низок ризик е и Грција, но постои една категорија земји во кои речиси и да нема некаков ризик затоа што имаат многу ниска стапка на криминал, незначително политичко насилство, ефикасни безбедносни структури, добра инфраструктура и др. Само шест земји се влезени во таа група:Данска, Норвешка, Финска, Исланд, Швајцарија и Словенија.