Индиските стоматолози од усната празнина на седумгодишно дете извадиле 536 заби. Родителите го однеле малото момче на стоматолог на факултетот Савита во градот Ченај, поради оток и болки во десната вилица.  Ренгенската снимка , а потоа и испитувањето ги шокирале стоматолозите. Во устата на детето нашле мала творба, слична на вреќичка полна со заби.

„Никогаш не сме сретнале случај како овој во праксата, иако е опишан во медицинската литература“, рече Пратиба Рамани, професорка и раководител на Одделот за орална и максилофацијална патологија.

Лекарите објасниле дека растот на туморот спречил постојаните моларни заби да растат во усната шуплина на момчето. За време на петчасовната операција за вадење на забите, стоматолозите извадиле точно 526 заби од устата на седумгодишникот, а снимките покажале дека се со различна големина – 0,1 до 15 милиметри.

„Тие изгледаа како бисери извадени од школка. Дури и најмалиот заб имаше круна, корен и емајл“, рече д-р Рамани.

Иако лекарите не ја знаат точната причина за оваа состојба, тие сугерираат дека генетиката може да биде една од причините за развој на „вишок заби“.