Еден од најпопуларните луксузни брендови „Луј Витон” пуштил во продажба чанти на кои стои албанското национално знаме. Информацијата на „Фејсбук“ ја сподели албанскиот премиер Еди Рама.

Нова чанта на „Луј Вуитон” со најубавото знаме во светот, напиша Рама.

Чантата која има типичен дизајн на „Луј Витон”, со албанското знаме чини 9.900 долари.

Рама синоќа на социјалните мрежи објави дека еден од најпознатите производители на часовници во светот „Франк Мулер” од Швајцарија пуштил во продажба специјален модел на луксузен часовник изработен од челик и црн титаниум, со ликот националниот херој на Албанците Ѓерѓ Кастриот Скендербег.