Во текот на минатата година, Бангкок бил најпосетен град во светот од странски туристи. Престижниот рејтинг тајландската престолнина го добива четврта година по ред.
Во 2018 година Бангкок го посетиле 23 милионис трански туристи.
Следуваат Париз и Лондон со малку над 19 милиони. Њујорк е на седмото место со 13,6 милиони. Меѓу првите десет најпосетувани градови само Лондон забележал пад на странските туристи од близу 4%.
На првото место според потрошувачката се наоѓа Дубаи. Таму странските туристи минатата година потрошиле речиси 31 милијарда долари.
Comments are closed for this post.