Легендарниот српски музичар Бајага вели дека повеќе не ја изведува песната „Пада Влада“ бидејќи често е злоупотребувана од политичарите.Таа песна, вели Бајага политчарите сакаат да се изведува само кога се во опозиција, но никако не сакаат да ја слушнат додека се на власт.

 

„Пада влада“ ја свиревме но веќе немам намера да ја изведувам и од неа да се прави химна. Кога некој е на власт не му се допаѓа, но кога е во опозиција ја обожува.Тоа  е случај со сите политичари-објаснува Бајага.