Повеќе од 1900 Австралијци се разбудија порано во саботата за да учествуваат во студеното капење на островот Тасманија, по повод зимската краткоденица, објави Ројтерс.

Со пливање, учесниците го поздравуваат најкраткиот ден на јужната хемисфера. Годинава рекорден број на голи пливачи кои носеа само црвени капачиња за пливање влегоа во водите на Тасманија.

Џој Валтер со нејзините 91 година, која потекнува од источниот дел на островот е најстариот учесник и не се плаши од ниската температура на воздухот кој е околу пет степени целзиусови.


Ова е седмо голо капење, кое е дел од три неделен музички и арт фестивал „Дарк Мофо“, кој се слави во главниот град на Тасманија, Хобарт.