Британскиот пејач и композитор Елтон Џон стана витез на орденот на Легијата на честа. Признанието му го врачи лично претседателот на Франција, Емануел Макрон.

Церемонијата се одржа во Елисејската палата по повод Денот на музиката, кој се празнува во Франција.

„Франција ја изрази својата благодарност за заслугите на Сер Елтон Џон, кој штотуку стана витез на Редот на Легијата на честа”, изјави францускиот шеф на државата пред толпата на влезот во палатата Елисеј.

Легија на честа за Елтон Џон е прво такво високо признание од 1998 година, кога кралицата Елизабета го прогласи за витез и му ја додели титулата Сер.

„Јас сум во голема љубов со Франција. Овде имам куќа“, рече 72-годишниот Британец.

Британскиот пејач е во сред светска турнеја, а сега одржува концерти во Франција. Макрон на средбата со поп легендата ја искористи можноста да се заземе за борбата против опасните болести како што се СИДА-та, туберкулозата и маларијата.