Ретки дуети на Лучијано Павароти со Стинг, Боно и Џејмс Браун се објавуваат за прв пат. Вкупно шест нумери од настапи во живо на покојниот светски оперски тенор, со некои од најпопуларните светски рок ѕвезди, ќе бидат објавени наскоро.

Специјалното ЦД издание ќе биде музичка подлога за филмот на режисерот Рон Хауард „Музика од филмовите: Павароти“ во чест на оперската ѕвезда која почина во 2007 година од рак на панкреасот на 71 годишна возраст.

Филмот ќе содржи необјавени снимки од Павароти, концертни настапи и лични интервјуа со светскиот тенор.

Песните биле исполнувани за време на популарните добротвотни концерти „Павароти и пријателите“, кои се одржуваа во родниот град на тенорот Модена, Италија, во периодот 1992 – 2003 година.

Токму во италијанскиот град, Павароти во дует ја испеја „Аве Марија“ на Шуберт со фронтменот на „Ју Ту“, Боно Вокс.