Дека спортските потези не мора секојпат да ги изведуваат луѓето на спортските борилишта, се покажа во видео во кое антилопа во моментот кога лавот реши да ја нападне прво тргна на една, а потоа нагло ја смени страната.

Лавот буквално со сета брзина „прелета“ покрај неа и заврши во прашина, а антилопата стана вирална на интернет.

Некои ја поистоветуваат со Роналдо кога го дрибла Пике, други со Меси, а трети со кошаркарските ѕвезди Стеф Кариј или Ирвинг.