Трупови на повеќе од 50 китови се појавија на брегот на Исланд, на западниот дел од островот. Морничавата слика ја забележале туристи од хеликоптер кој го надлетувал Лонгуфјорур.

Давид Шварцханс, пилот на „Рекравик хеликоптер“, изјави дека тој и неговите патници изброиле 50 долги китови на полуостровот Снефелснес.

Тој вели дека е многу веројатно да има повеќе трупови, а некои од нив веќе се „погребани“ во песокот. Се верува китовите испливале на брегот, а потоа загинале од дехидрација.