Војната помеѓу пејачите Аца Лукас и Јелена Карлеуша не престанува. Тие двајцата ја користат секоја прилика да се оцрнат меѓусебно користејќи ја мрежата Инстаграм.

Во целата приказна Лукас сега ги вовлече Лепа Брена и Саша Поповиќ кои ги нарекува со погрдни имиња, а јасно е и очигледно од кои причини е на страната на Светлана Цеца Ражњатовиќ, негова долгогодишна пријателка која не е во добри односи со Карлеуша, која пак ја обвини Цеца дека има врска со нејзината афера со Врањеш.

Сепак, нејзината последна објава е повеќе од храбра. Карлеуша на своето стори на Инстаграм објави реченица „Предозирање ќе реши сè“, со што таа алудира на наводните приказни дека Лукас користи опијати.