Извршниот директор на американската компанија „Тесла“, Илон Маск изјави дека компјутерите во сè повеќе сфери стануваат попаметни од луѓето и дека тој тренд ќе продолжи.

Значително ќе не надминат во секој поглед. Тоа ви го гарантирам, изјави Маск на Светската конференција за вештачка интелегенција во Шангај, каде на бината говореше заедно со директорот на кинеската Алибаба, Џеком Ма.

Маск даде пример како вештачката интелегенција со години напредува и како денеска е способна да се натпреварува со луѓето во шах и во кинеската друштвена игра „Го“.

Вашиот мобилен телефон би можел буквално да го уништи светскиот првак во шах, изјави Маск во неговото обраќање.

Од друга страна, Џек Ма имаше друго мислење, наведувајќи дека е невозможно машините да ги контролираат луѓето.