Во акција за зачувување на планетата со години се вклучуваат најразлични компании, познати личности, политичари. На нив овие денови им се придружи и најпознатиот сајт за возрасни на планетата „Порнхаб“ кој го објави „највалканиот“ порно филм во историјата.

Видеото е снимено на плажа преполна со ѓубре како би собрале средства за чистењето на пластиката од океаните. Секој пат кога некој ќе го изгледа видеото, „Порнхаб“ ќе донира пари на непрофитабилната организација „Океан Полимерс“.

Чистењето ќе се реализира со брод кој ќе ја собира и преработува пластиката од океаните.

Ние во Порнхаб сме валкани, но тоа не значи дека и нашите плажи треба да бидат, изјави заменикот претседател на компнијата Кори Прајс.