Не знам кого и што гледа премиерот намесник, Димитар Ковачвски, кога ќе погледне во оглдало? Дали неговиот претходник Зоран Заев или вистинскиот премиер на Република Мкедонија, лидерот на ДУИ, Али Ахмети?
Лично сметам дека превртената слика му се прекршува некаде на средина. Па, го гледа де Заев, де Ахмети. Или, ако сакате, може и обратно, де Ахмети, де Заев. За да даде една целина.
Впрочем, не е важно. Таче и онака е во нивна сенка до степен на непрепознатливост и отсуство на елементарно чувство дека тој е премиер на Република Македонија. А, којзнае, можеби го буни албанскиот премиер Еди Рама. Па, еднаш е „Монтенегро“, а другпат „Западна Бугарија“. Според неговото необично чувство за хумор и сатира, де. А, не оти е вистина. Таман работа.
Нашиот Таче, пак, само се смее. Не како изгубен во вселената, туку како да го слуша вицот за газда Пане и чирак Ване. Да ве потсетам на него. Секој ден газда Пане го дочекувал чирак Ване на работа со римата:„Газда Пане на чирак Ване да му е.. нане“. Се додека еден ден чирак Ване не го пречекал на работа со порака:„Чирак Ване на газда Пане му ја … жената“. „Е, па тука нема рима“, возвратил газда Пане. „Нема, нема, ама вистина е“, заклучил чирак Ване.
Е, нашиот Таче не прави разлика дали е „Монтенегро“ или „Западна Бугарија“, зашто нема рима, ама сепак е вистина. Додуша, поблиску до неа е „Западна Бугарија“, отколку „Монтенегро“. Да, да, со прифаќањето на францускиот предлог за надминување на наметнатиот спор од страна на Бугарија за кревање на бугарското вето за почеток на преговорите за членство во ЕУ, Република Македонија и Македонците ќе го започнат својот „ужас без крај“! Или, подобро речено, својот неколкугодишен пат не кон членство во Европската унија, туку кон целосно етничко обезличување и бугаризација и ново територијално преименување, што длабоко визионерски го претскажа Еди Рама!
Чудно, но вистинито! Премиерот намесник Димитар Ковачевски решил повеќе да го слуша и да учи од Љупчо Ѓорѓиевски, основачот на културниот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, отколку од домашните експерти од невладиниот сектор за нашето патување кон почетокот на преговорите и членството во ЕУ! Љупчо јавно ни призна дека се родил како Македонец, но по неколку месеци неспиење и долго, долго читање станал Бугарин.
Еве, сега тоа како да почнува да го прави и нашиот Таче. И тој јавно ни призна дека со ноќи не спиел. Ама, според се, не мислел само на тоа со какви мерки да се надминат сите присутни кризи, туку почнал и да чита. А, кој друг, ако не Иван Вазов, познатиот бугарски поет, кој е автор на уште попознатата песна „Аз с,м б,лгарче“. За почеток само првата строфа.
„Аз с,м б,лгарче, и силна
мајка мене родила;
с хубости, блага обилона
мојта родина е мила.
Ова со оглед дека според проценките на се уште актуелниот бугарски премиер Кирил Петков, кој ни претскажа, пак, преговори долги десетина или петнасет години. Или, математички гледано, по една строфа на секои две ипол или три ипол години. Па, така, во зависност од оценките на целата ЕУ за напредокот на Македонија, во овој период нашиот премиер намесник ќе почне да ја учи втората строфа:
„Аз с,м б,лгарче. Обичам
наште планини зелени,
б,лгарин да се наричам-
п,рва радост е за мен“.
По пет или седум години, кога историчарите одново ќе стигнат до личноста на Гоце Делчев, ќе дојде редот и на третата строфа:
„Аз с,м б,лгарче свободно,
в крај свободен аз живеја,
сичко б,лгарско и родно
лјуба, тача и милеја“.
Значи, таман и нашиот Таче и сите генерациски Македонци да се почувствуваат одново слободни, исто како на почетокот на Втората светска војна, ќе дојде време и за четвртата строфа:
„Аз с,м б,лгарче, и расна
в дни велики, в славно време,
син с,м на земја прекрасна,
син с,м на јунашко племе“.
Таман додека ги исполниме сите бугарски и европски критериуми и кога ќе треба и официјално да станеме членка на ЕУ, ќе се расчисти и дилемата кој, кога и зошто го променил последниот ред од првата строфа, кој наводно не соодветствувал со оригиналот на Вазов.
Мореее, шутраци од власт! Се нацртале вчера, демек од владејачката коалиција. Еден за сите, сите за никаде!
А, бе, овие за да останат во своите фотелји се подготвени дете од мајка да украдат и душа и срце да продадат! Со нивните што сакаат нека прават, ама не со нашите. Зашто, ако за нив нема ништо свето, има луѓе на кои тоа на „М“, Македонија и Македонец, им значат! И тоа многу им значат!
А, за некакво побугарчување, пак, ич ни збор да не стане. Зашто, ни Македонија, ни Македонците не се нивни, ниту на татко им или мајка им. И во чие име тоа они прифаќаат да ни приредуваат „ужас без крај“!? Да си поигруваат со коските на нашите претци и со чувствата на нашите деца!?
Прво што мора да направи нашиот намесник премиер Таче „Монтенегро“, алијас Таче „Западна Бугарија“, е да ни објасни од кога тоа Европската унија има проблем со Република Македонија и во што е тој проблем! До сега проблем со Македонија имаше само Бугарија, заради нејзините шовинистички сан-стефански соништа и нескриената желба за територијален експанзионизам.
Ајде сите да слушнеме што толку и пречиме на ЕУ? Па, потоа да го обелодени својот став за францускиот предлог и да престане политички да се проституира како да лежи во некој од излозите на „Црвените фенери“, а не да седи во премиерската фотелја на „Илинденска„! И да ни продава такво за бубрези, прво сите нека се изјаснат, па јас на крајот ќе пресечам! Демек сите се „тупи и глупи“, антиевропејци, „небањати вмро-вци“ и националисти, а тој убав на мајка, умен, капен со „косили“ и со широки европејски видици! Види мајката, што би рекол неговиот претходник!
Работите така не одат. За идентитетски прашања мора да има општ политички консензус, а до него се стигнува само преку широка дебата на сите структури во општеството и тука трката со времето не може да игра никаква улога. Се друго е политичко насилство и отворена распродажба на државните и национални интереси, што повеќе води кон украинизација на Македонија, отколку кон нејзино членство во ЕУ! Тоа ли го посакува Таче „Монтенегро“, алијас Таче „Западна Бугарија“?!
Comments are closed for this post.