Во великобугарската национал-шовинистичка политика, одамна е познато, постојат два типа на луѓе. Првиот, Бугари. И вториот, оние кои не се Бугари.
Според оваа теза и политика, европратеникот од редовите на ВМРО на Красимир Каракачанов, Ангел Џамбаски, како голем и докажан великобугарски национал-шовинист е чист и голем Бугарин. Толку чист и голем, што веќе може да му биде сериозна конкуренција на адолфчо, зашто полека, но сигурно се претвора во мало, мало, чистокрвно хитлерче. какви што, богами, од другата страна на границата секогаш имало. Некогаш повеќе, некогаш помалку. Зависно од која страна дува ветерот. Зашто, ветерот од секогаш имал голема улога во бугарската национал-шовинистичка политика. Покрај онаа, нели, што ја одредува Македонија како најромантичен дел од нивната историја.
Арно ама, покрај оваа, постои и уште една теза и политика карактеристична за бугарските национал-шовинисти. Постои одамна, но за последен пат на неа преку Дојче веле не потсети бугарската професорка на Универзитетот во Илиноис, САД, Марија Тодорова. Додуша, таа е преточена во виц или шега, како сакате.
Еве што вели таа.
Очајна македонска делегација го посетила Господ и плачливо му се пожалила за нивната судбина. „Аман кажувајте што е проблемот?, прашал Господ. Ох, Господе Боже, зошто толку не казни? Ти направи така, сите нормални народи да потекнуваат од мајмуните, а само ние од Бугарите“.
И како одличен Бугарин, кој потекнува, значи, од мајмун, според Дарвиновата теорија за постанокот на човекот, овој, актуелнов, новокомпониран бугарски национал-шовинист изгледа самиот по себе претставува посебна сорта мајмун, што слободно може да се именува како Ангел Џамбаски. Сорта на која може да му позавиди и неговиот шеф Каракачанов. Но, тоа си е нивна работа. Нека си дебатираат кој каков мајмун е и од која сорта. Можеби Каракачанов ќе се покаже исто посебна сорта мајмун Каракачанов.
Ако за еволуција на човештвото од мајмун во човек требало илјадници години, на овој мајмун од сортата Ангел Џмбаски не му требало толку. Тој еволуирал за само 40-тина години и види мајката, да ти имал наследено, а можеби и вродено чувство и знаење и за (гео)политика, и за историја, и за етногенеза, и за генеологија, и за хумор и сатира, и за видовитост, и за осознавање, но и за тепање… За многу работи. Чиниш, чудо на природата! Навистина, мајмунот од сортата Ангел Џамбаски треба да биде посебен предмет на истражување на науката. Од генетиката, па се останато натаму.
Мајмунот од сортата Ангел Џамбаски знае како Македонците, кои му се пожалиле на Господа за злата коб, што ете морале да потекнуваат од Бугарите, наместо еволуционистички од мајмуни, како да ги стави во ред. И да си го признаат тоа што тие проклети комунисти, болшевици, разно-разни титовци и колишевци, србокомунисти им го бришат од глава и со перење мозоци заборавиле дека биле чисти Бугари. Според мајмунот од сортата Ангел Џамбаски, тоа требало да се стори со кроце, со благо и со малку ќотек! Гледаш, мајката, во што ти било финтата!? Додушаљ, истото ова им текмувало и на многу други генерации бугарски мајмуни, ама некако не им пошло од рака. Како таа проклета природа да ги заебала!
А, што ќе прави мајмунот од сортата Ангел Џамбаски, пак, со оние Македонци на кои не им паднало на памет да му се жалат на Бога за нивната зла коб и сметаат дека чисто еволуционистички и тие потекнуваат од мајмуни, а не од Бугари, кои, нели, еволуционистички потекнуваат од мајмуни? За чудо на природата, ете да ти има(ло) и такви. Мајмунот од сортата Ангел Џамбаски и на нив ќе им вели со кроце, со благо и со малку ќотек дека се грешка на природата и оти не си ја знаат генеологијата и мора да се Бугари?! Тој самиот ќе го прави тоа или ќе испрати некој друг мајмун од друга сорта?! На пример, од сортата Ванчо Михајлов. Богами и оваа сорта бугарски мајмуни станува се попопуларна.
Навистина, има многу сорти бугарски мајмуни. За волја на вистината има и еволуционисти Бугари, кај кои доминира и желбата за искрено соседство и пријателство. Ај, можеби еден убав ден овие вториве навистина ќе доминираат и ќе сакаат чисто човечки да се разбираме. Како Бугари и како Македонци. А, оние, пак, бугарски мајмуни од сортата Ангел Џамбаски нека продолжат да скокаат од дрво на дрво. И од време на време нека каснат по некоја банана. Како нивно омилено овошје. Ако им е, а ако не, можат и нешто друго да каснат. Но, за тоа во некоја друга прилика.
Comments are closed for this post.