Главниот контратерористички проблем на Северна Македонија во 2021 година беа враќањата на странските борци од Сирија и Ирак, се вели во најновиот извештај на Стејт департментот за тероризмот во светот за 2021 година. Според извештајот, заканата од терористички напади во земјава е „просечно висока“ или средна. 

Во Северна Македонија, како и во Србија Косово, Албанија и Грција, во 2021 година не се случиле терористички инциденти. 

Враќањето на странските терористички борци во Северна Македонија, а такви активности се забалежани и во Косово, претставува проблем „со оглед на можноста овие лица да реализираат насилни екстремистички ќелии, планови за напад и да радикализираат други лица“. 

Според Националниот комисија за борба со насилниот екстремизам и тероризмот, околу 143 граѓани на Северна Македонија (исклучувајќи деца) во изминативе неколку години патувале за Сирија, Ирак или во двете земји да се вклучат во терористички групи. Од нив, 133 лица се мажи, десет се жени, 38 биле убиени, 79 се вратени, петмина се верува дека останале во Сирија и двајца се во затвор во бегалски камп. Додека, пак, 16 лица, 11 мажи и пет жени, се репатрирани, а тројца биле депортирани од други земји. 

Заканата од терористички напади Северна Македонија е означена на ниво „просечно висока“ или средна, во време кога членовите на ИД и симпатизери се присутни во земјата. 

Во јули 2021 година владата репатрирала четири странски терористистички борци и 19 членови на семејствата. 

Понатаму, се вели дека правната рамка на Северна Македонија е адекватна за прогон на лица осомничени за извршување или помагање терористички активности, или учество во странски војски. Законот за казнувања поврзан со овие прекршоци останува предизвик, но е подобрен во споредба со претходните години, и затворските казни се општо земено подолги отколку кај останатите земји од Западен Балкан. 

Министерствто за правда на САД обезбедило менторство и обука со наоди од терен за обвинителите и истражителите. 

Северна Македонија е исто така дел од институциите за борба со финансискиот тероризам, како регионалното тело „МoneywalДонесен е нов закон за запирање на перењето на пари и финансирање на тероризмот за имплемнтацијата на Директива (2018/843) и хармонизација со законодавството на ЕУ. 

Канцеларијата за финансиско разузнавање на Северна Македонија во 2021 година примила пет извештаи од банки поради основано сомнение за финансирање на терористи и во врска со тоа до надлежните служби поднела 11 извештаи.  

Северна Македонија исто така е вклучена во борбата со насилниот екстремизам и во 2021 година продолжила со соработка со останатите земји од Западен Балкан за борба со тероризмот и насилниот екстремизам, и учествувала во повеќе проекти поврзани со ова. 

Владата имплемнтирала проекти за изградба на капацитети подржани од САД, Велика Британија, Италија, Холандија, Норвешка и други, а овие напори ќе помогнат на Северна Македонија да се подготви за претседавањето со ОБСЕ во 2023 година, се вели во извештајот на Стејт департментот. 

Заканите за тероризам во Албанија се состојат од обидите на странски терористички организации да ја радикализираат албанската младина на насилство, како и државно спонзорираните активности на Иран против иранската опозициска група Муџахедин-е Калег чии членови се преселени во Албанија, оценув Стејт департментот.