Шест години затвор за Тони Јакимовски како ексначалник во УБК, кој беше и шеф на кабинет на ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, пренесува „360 степени“.

Затворска казна од четири години за Стево Маџовски, кој бил вработен во УБК, а ослободителна пресуда за уште една вработена во оваа Управа, Кристина Јосифовска.

Ова е пресудата од Судечкиот совет во предметот кој се однесува на проневера на пари од спец касата во УБК. Пресудата е првостепена и странките имаат право на жалба до Апелацискиот суд во Скопје.