Од утрово се случува голема полициска акција во КПУ „Идризово“. Според информацијата, акцијата следувала по сознанија дека се подготвувала пресметка помеѓу две групи во затворот.

Од ОЈО велат дека акцијата е координирана од Основното јавно обвинителство Скопје поради сомневања за кривично-правни дејствија. Претресите се со цел обезбедување доказен материјал.

Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

Лани во октомври најмалку десет полицајци и дел од затворениците беа повредени при судир кој настанал во затворот Идризово. Затворениците пружиле отпор на обидот на полицијата да изврши претрес во ќелиите, но полицајците ги совладале, рекоа тогаш од МВР. При претресот беа најдени над 80 парчиња ладно оружје, мобилни телефони и дрога.

Во меѓувреме, во најголемиот македонски затвор сѐ уште е на сила кризната мерка со која овој затвор надворешно е обезбедуван од војска и полиција