Новинарот Фуркан Салиу, за Сител, изјави дека секој ден оди на стрелиште и дека тоа го планирал и по фудбалскиот меч во Долно Коњари каде што за време на мечот се случија инциденти меѓу навивачките групи, а тој беше приведен со образложение од полицијата дека нападнал полициски службеник.

-Преку адвокат уште утре ќе поднесам поднесок до внатрешпната контрола на МВР, особено за делот на отворањето на моето возило без мое присуство и без судски налог. Како знаеле дека е тоа моето возило? Како знаеле дека јас имам пиштол и дека секој викенд одам на стрелиште? Доказ дека одам на стрелиште може да се најде во стрелиштето каде се запишува и потпишува секој поединец. Го искористија моментот за да ми ‘вратат’ за прилозите кои што ги објавив на Порталикс, а кои се однесуваат на лажните анкети“, изјави Салиу.