Адвокатот Виктор Цветковски во интервјуто за „Република“ говореше за актуелната тема зошто осудените во затворот во „Идризово“ за кои се водат и други случаи не можат да користат погодности како отсуства.

Се работи за правилник кој не дозволува користење на погодности доколку имате други постапки.Тој е правилник што го носи министерот за правда на предлог на Управата за извршување на санкции.Важи за сите затвори и тој правилник регулира на кој начин се користат погодности.Тој правилник го донесе тогашниот министер Маневски и остана да функционира. Уште 2017 година беше кажано дека ќе го променат но тој се уште важи.Правилникот е спротивен на Устав, дискриминирачки. Постои начелото на презумција на невиност. Тоа што за некого се води постапка не значи дека ќе биде осуден, можеби ќе биде пресудата одбивателна или ослободителна.Овој правилник директно влијае на правата и погодностите на осудените лица-oбјанува Цветковски.

Нелогичноста на овој правилник се актуелизираше на случјот на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска . Таа како жена мора казната да ја издржува само во „Идризово“ кој што е од затворен тип, за разлика од мажите кој можат да бираат каде ќе отслужуваат ги става во нееднаква положба односно ги дискриминира.